Mateja Matevski, Επιστροφή απʼ την Τροία: διαβάζει ο Ζ.Δ.Αϊναλής (Poiein Podcast Productions #04)
8Νοε
Ο Z.Δ.Αϊναλής διαβάζει Mateja Matevski: Επιστροφή απʼ την Τροία.
Матеја Матевски (Mateja Matevski)
(b. 1929)
Μετάφραση από τα Σλαβομακεδονικά
Angelina Ajanovska – Ζ. Δ. Αϊναλής
Враќање од Троја
I
Така ја оставивме Троја невоинствена и тиха
сета предадена на нежноста на ветерот
со отворени порти и дрочни овошки
Троја заплискувана од сончевите пеани
ја оставивме вишна врз цветните камењари
по кои виното се цеди и лебецот се рони
Ја оставивме тажни нежни придружници на времето
што иʼ дојдовме оддалеку по благи патишта
во ширното гостопримство на зрелите маслинки
Но кога се најдовме сами на отворено море
очи во очи со непречекливиот бран
и карпите што ги сечеа слабините на корабите
и кога виното се испи и мрсот се истроши
тогаш се потпревме на песната од грло што ни иде
постилајќи се благо врз темната глад и умората
зашто патот ни беше долг по знајните и незнајни води
во кои се мешаа кошмарни патиштата на ѕвездите
додека не се измешаа во длабоките вирови морски
гладот и несоницата талкањето и нашата песна
И долго не разбиравме од забниот ѕид како плиска
предавничкиот збор шумната пена на времето
спомнувајќи ни нешта за кои споменот не знае
измислени од ветерот од безделницата на морето














